Во текстот се изнесува временската прогноза за утре и за викендот, со информации за облачно време, повремени врнежи од дожд и снег на повисоки места, како и температурни вредности.
Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветар од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег.
На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 scm, а помала покривка (2 до 10 scm) се очекува да се формира и на повисоките места. Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат.
Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.







