Германски суд го поништи одземањето на дозволите за оружје поради поврзаност со АфД

Макфакс

26/11/2026

14:30

391

Големина на фонт

а а а

Германскиот највисок управен суд одлучи дека членството во поранешниот младински огранок на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) не е доволна причина за одземање на дозволите за оружје. Судот нагласи дека треба да се докаже противуставна активност на организацијата, а не само сомневање.

Највисокиот германски управен суд пресуди дека членството во поранешниот младински огранок на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) не може да биде единствена причина за одземање дозвола за оружје, пренесува „Ројтерс“.

Постапката ја покренале двајца мажи на кои германските власти во 2022 година им ги одзеле дозволите, откако баварската разузнавачка служба ги известила надлежните институции за нивната поврзаност со младинскиот огранок на партијата, кој од 2019 година бил под надзор поради сомневање за екстремистичко дејствување.

Судот ги потврди пресудите на пониските судови со кои претходно биле поништени одлуките за одземање на дозволите. Во образложението се наведува дека властите морале да докажат дека организацијата навистина дејствува против уставниот поредок, а не само дека постои сомневање за тоа.

Судот, исто така, утврди дека одлуката од 2023 година, со која младинскиот огранок беше прогласен за екстремистичка организација, не може ретроактивно да се применува на претходно донесените административни одлуки.

Младинскиот огранок „Млада алтернатива“, кој беше распуштен минатата година, ја отфрли таквата класификација и ја оспори пред суд.