„Тему“ се обврза да ги отстрани лажните попусти и рецензии во ЕУ

Точка

26/11/2026

14:55

154

Големина на фонт

а а а

Платформата ќе ги промени начинот на прикажување на цените и постапката за поврат на пари, по интервенција на европските органи за заштита на потрошувачите.

Европската комисија соопшти дека „Тему“ прифатила да ги измени практиките со кои купувачите се доведуваат во заблуда. Мерките опфаќаат фиктивни попусти, лажни рецензии и пораки што ги притискаат корисниците да купат веднаш, пренесе „Ројтерс“.

Платформата се обврза појасно да ги прикажува цените и трошоците пред плаќање. Во соопштението на Европската комисија се наведуваат и полесна постапка за враќање производи и поврат на пари во рок од 14 дена.

Логото на платформата за онлајн трговија „Тему“.

Логото на платформата за онлајн трговија „Тему“. Илустрација: WhaleCo Inc. / Wikimedia Commons.

Националните регулатори ќе ја следат примената. Ако платформата не ги исполни обврските, казната може да изнесува 4 отсто или повеќе од годишниот промет во засегнатите земји членки. Портпарол на „Тему“ за „Ројтерс“ изјави дека компанијата го поздравува постигнатото решение.