Тајландската компанија „Бангчак“ соопшти дека ги исклучила сите производствени погони во рафинеријата во Бангкок по пожарот во кој се повредени најмалку седум лица.
Компанијата „Бангчак“ во четвртокот соопшти дека ги запрела сите производствени погони во рафинеријата во областа Пхра Канонг, во Бангкок, пренесе „Ројтерс“.
Според компанијата, пожарот избувнал околу 08:45 по Скопје и бил изгаснат приближно половина час подоцна. Причината се истражува.

Архивски поглед на рафинеријата „Бангчак“ во Бангкок. Фото: Nik Cyclist, CC BY 2.0. Насловна фото: Supanut Arunoprayote, CC BY 4.0.
Центарот за итна медицинска помош „Ераван“ соопшти дека се повредени најмалку седум лица, од кои четворица потешко. „Асошиејтед прес“ извести дека властите побарале жителите во близина да се евакуираат.
Рафинеријата има капацитет за преработка до 120.000 барели дневно.







