Кошта бара компромис за долгорочниот буџет на ЕУ, Холандија сака подобар план

Макфакс

26/11/2026

10:40

110

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, инсистира на постигнување компромис за долгорочниот буџет на Европската унија, додека Холандија бара подобар и поразумен план за финансирање на приоритетите на Унијата.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека сака да ги доближи земјите-членки до договор за следниот долгорочен буџет на Унијата на самитот на Европската унија (ЕУ), но некои лидери ги повторија своите забелешки на предложениот план.

„Ни треба долгорочен буџет што е соодветен за финансирање на нашите главни приоритети“, рече Кошта на прес-конференција пред самитот во Брисел.

Холандскиот премиер Роб Јетен изјави дека Холандија не е подготвена да го прифати предлогот што моментално е на маса и оцени дека буџетот мора да се модернизира и намали за да се постигне договор.

„Сега е на Кошта да излезе со подобар предлог“, рече Јетен.