Приведени шест турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој, следува пријава

Макфакс

26/11/2026

08:10

120

Големина на фонт

а а а

Во Скопје, шест турски државјани беа приведени поради нерегулиран престој, а по документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Вчера во периодот од 10:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец ноември, ги приведеа Х.Ф.(22), М.С.(22), С.Т.(25), Т.Ј.Е.(23), С.Б.С.(25) и М.Ч.(22) сите од Република Турција, поради нерегулиран престој во државата.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.