Кнесетот го отфрли предлогот за ограничување на звучниците на џамиите

Точка

25/11/2026

15:35

295

Големина на фонт

а а а

Израелскиот парламент со 63 гласа против и 45 за го отфрли предлогот со кој џамиите ќе мораа да добијат дозвола за звучниците што се користат за повикот на молитва.

Со 63 гласа против и 45 за, Кнесетот во средата го отфрли предлог-законот со кој ќе се ограничи користењето звучници на џамиите за муслиманскиот повик на молитва. Исходот од гласањето го објавија „Тајмс оф Израел“ и израелскиот портал Џеј-ди-ен.

Предлогот го поднесоа пратеници од „Оцма Јехудит“, партијата на министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир. Според предлогот, џамиите ќе мораа да добијат дозвола од министерот за животна средина за да користат звучници. Полицијата ќе можеше да ја исклучи и да ја одземе опремата, а предвидените парични казни достигнуваа 50.000 шекели.

Џамијата Ал Џазар во Акре

Џамијата Ал Џазар во Акре, архивска фотографија. Фото: Shlomo Rodad / Wikimedia Commons · CC BY 2.5.
Кавер: Avishai Teicher / PikiWiki / Wikimedia Commons · CC BY 2.5.

Против гласаа партиите од блокот на Гади Ајзенкот, а повеќето ултраортодоксни пратеници беа отсутни. Арапските пратеници го критикуваа предлогот како мерка насочена против муслиманското малцинство во Израел.