Амира Медуњанин вечерва го отвора Фестивалот на музика од светот во Битола

Точка

25/11/2026

15:45

167

Големина на фонт

а а а

Концертот почнува во 20:00 во Центарот за култура. Осумнаесеттото издание на фестивалот трае до 30 ноември.

Босанската пејачка Амира Медуњанин вечерва, 25 ноември, ќе го отвори 18. Фестивал на музика од светот во Битола. Концертот почнува во 20:00 во Центарот за култура.


Медуњанин е позната по своите интерпретации на севдалинки. Нејзиниот концерт е првиот во програмата што ќе трае до 30 ноември и ќе ги спои традиционалните звуци со современи музички жанрови.


Меѓу најавените изведувачи за наредните фестивалски вечери се „Трио Мандили“ и „Баклава“.

Амира Медуњанин, архивска фотографија · Фото: MeaCulpa666 / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

Кавер: Акрон / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.