Го нападнал неговиот татко и му се заканувал: кривична за стружанец

Макфакс

25/11/2026

10:50

158

Големина на фонт

а а а

Полицијата од Струга поднесе кривична пријава против лице од струшко село поради физички напад и закани кон неговиот татко во семејниот дом.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ј.Б.(38) од струшко село.

Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Имено на 02.11.2026 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му упатувал закани.