[ФОТО/ВИДЕО] Трамп помилувал две мисирки во Белата куќа – на едната птица дури и ѝ честитал: Еве за што се работи

Точка

25/11/2026

10:15

783

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот, на традиционалната церемонија по повод Денот на благодарноста, во Белата куќа помилувал две мисирки.

Мисирките, наречени Слобода (Freedom) и Пердуви (Feathers), биле поштедени од судбината да завршат на трпезата за Денот на благодарноста, но само Слобода присуствувала на настанот на Јужниот тревник на Белата куќа, пренесе АП.

Јавноста имала можност преку интернет да гласа и да одлучи која од овие птици, со потекло од Западна Вирџинија, ја заслужува честа да се појави на свеченоста.


Двете мисирки остатокот од својот живот ќе го поминат на Универзитетот „Тексас А&М“.

Откако им го честитал Денот на благодарноста на Американците и потсетил на успесите на својата администрација, Трамп ја ставил раката на грбот на белата мисирка објавувајќи го помилувањето.

„Честитам“, ѝ рекол Трамп на птицата, додека ѝ ги допирал пердувите на грбот, наведува АП.


На Трамп му се придружиле сопругата Меланија Трамп и бројни функционери од неговата администрација.

Тој најавил дека церемонијата на помилување мисирки следната година ќе се одржи во новата свечена сала на Белата куќа.


Според податоците на Белата куќа, ова е 79. помилување на мисирки, иако таа практика стана редовна годишна традиција дури за време на мандатот на претседателот на САД, Џорџ Буш, во 1989 година.