Хакирана ЦИА

Макфакс

25/11/2026

07:13

858

Големина на фонт

а а а

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) и Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ODNI) открија дека хакери упаднале во нивната компјутерска мрежа и пристапиле до одредени податоци кои не се класифицирани.

Нападот ја зафатил мрежата што се користи за собирање и анализа на разузнавачки информации од јавно достапни извори, вклучително и интернетот и комерцијалните бази на податоци. Сè уште не е точно познато до какви информации пристапиле хакерите. Постои сомневање дека во нападот можеби се компромитирани и податоци што им припаѓаат на други владини агенции на САД.

Не е познато кој стои зад нападот.
Од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање потврдија дека немало прекин во функционирањето на критичните системи, ниту на системите што содржат класифицирани информации. ЦИА не одговори веднаш на барањето за коментар.

Извор запознаен со случајот изјави дека нападот не вклучувал класифицирани податоци и дека безбедносниот пропуст е решен. Во моментов не се знае кој стои зад хакерскиот напад.

Овој инцидент е најновиот во низата безбедносни пропусти што ги погодија компјутерските системи на владините институции во САД. Неодамна беше пријавен безбедносен пропуст и во Министерството за земјоделство на САД.