Струмичанец извршил обљуба врз 12-годишно девојче

Макфакс

25/11/2026

13:00

100

Големина на фонт

а а а

Во Струмица е приведено лице за кое се сомнева дека извршило обљуба врз 12-годишно девојче, при што против него ќе биде поднесена соодветна пријава по документирање на случајот.

На 23.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ф.С.(21) од Струмица.

Според пријавеното, тој истиот ден во Струмица извршил обљуба врз 12-годишна малолетничка.

За настанот се известени јавен обвинител и Центар за социјални работи Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.