Меѓународно признатата либиска влада ги отфрли тврдењата дека постоел договор со Украина за нападите врз два руски брода кај Бенгази на 22 ноември.
Кавер-фотографија: Victor Korniyenko / Wikimedia Commons · CC BY-SA 3.0
Либиското Министерство за надворешни работи во Триполи соопшти дека се неосновани тврдењата за каков било договор со украинската страна во врска со нападите кај Бенгази. Демантот на меѓународно признатата влада го пренесе АФП во живиот пренос на „Гардијан“.
Нападите се случија во неделата, на 22 ноември, а Киев ја потврди својата улога. Како што претходно објави „Точка“, украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека операцијата била насочена против Русија. Меѓу погодените пловила беше руската корвета „Меркуриј“.

Поглед кон стариот дел на Бенгази, архивска фотографија. Dennixo / Wikimedia Commons · CC BY-SA 3.0
Во меѓувреме, властите во источна Либија побараа од Обединетите нации да го испитаат наводното присуство на украински сили на западот од земјата, објави Агенција Нова. Либија со години е поделена меѓу владата во Триполи и ривалска администрација на истокот.
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во разговор со украинскиот колега Андриј Сибиха изрази загриженост за нападите. Според италијанското МНР, Тајани нагласил дека треба да се почитува либискиот суверенитет и да се спречи ширење на конфликтот во Медитеранот.












