Димитриевски на работна средба со претставници на кинеска компанијa

Макфакс

24/11/2026

14:00

96

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Куманово одржа работна средба со претставници на кинеска компанија за развивање на деловна соработка и инвестициски проекти во индустриската зона Новини и Речица со цел поттикнување на економски развој и отворање работни места.

Градоначалникот на Општина Куманово, во придружба на секретарот и претседателката на Советот, оствари работна средба со претставници на кинеската компанија „China Shandong International Economic & Technical Cooperation Group Ltd.

На средбата се разговараше за можностите зa воспоставување деловна соработка и реализација на идни инвестициски проекти во Куманово, со посебен акцент на индустриската зона Новини и Речица.

На средбата беа разменети мислења и информации за инвестицискиот потенцијал на Општината, можностите што ги нуди индустриската зона, како
и условите за реализација на идни активности и вложувања од страна на кинеската компанија.

Дел од кинеската делегација беа: Gao Jichao – генерален директор на Сектор за маркетинг, Shao Xu – деловен менаџер во Сектор за маркетинг, Ma Tongyue – секретар во Канцеларија за економски и трговски работи при Амбасада на НР Кина и Chen Yushan – директор на адвокатска канцеларија
„Gemchen“ од Кина.

Општина Куманово останува отворена за соработка со домашни и странски инвеститори, со цел привлекување нови инвестиции, отворање работни
места, поттикнување на локален економски развој и создавање поволни услови за деловно работење.