Норвешка и Украина ќе ја прошират употребата на системот за одбрана од дронови „Десна“

Точка

24/11/2026

13:00

124

Големина на фонт

а а а

Системот „Десна“ веќе се користи во Украина. Норвешкото Министерство за одбрана соопшти дека двете земји планираат да го распоредат во повеќе делови од земјата.

Норвешка и Украина ќе ја прошират соработката за системот за противвоздушна одбрана „Десна“, наменет за заштита од дронови. Системот веќе е во употреба, а планот е да се користи во повеќе делови на Украина, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на норвешкото Министерство за одбрана.

Системот е развиен во соработка меѓу норвешката компанија „Конгсберг“ и украински партнер. Министерството соопшти дека украинската опрема е поврзана со системи за управување што ги донирала Норвешка. Во соопштението не се наведени локациите на кои ќе се шири употребата.

Норвешки систем НАСАМС на вежба во 2023 година, архивска фотографија

Норвешки систем НАСАМС на вежба во 2023 година, архивска фотографија. Фото: Eric Dmochowski / U.S. Marine Corps

Кавер, архива. Фото: Обласна управа на Виница · CC BY 4.0

Украинскиот министер за одбрана Јевхениј Хмара во вторникот е во Осло на разговори со норвешкиот колега Торе О. Сандвик, соопшти норвешката влада. Сандвик изјави дека соработката треба да ѝ овозможи и на норвешката војска да го тестира системот, објави норвешкиот весник „ВГ“.