Петер Маѓар потврди дека денес ќе се сретне со Зеленски во Закарпатија

Точка

24/11/2026

12:20

186

Големина на фонт

а а а

Унгарскиот премиер најави дека во Закарпатија ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и ќе се сретне со претставници на тамошната унгарска заедница.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар потврди дека во вторникот, 24 ноември, патува во украинската област Закарпатија, каде што ќе разговара со претседателот Володимир Зеленски. Маѓар во објава на Фејсбук најави и средба со претставници на тамошната унгарска заедница, пренесе унгарскиот портал „Телекс“.

Со премиерот патува и министерката за надворешни работи Анита Орбан. Според најавата, тие ќе посетат неколку унгарски институции во областа. Маѓар во понеделникот пред пратениците рече дека ова ќе биде прва посета на унгарски премиер на Закарпатија од 2015 година.

Володимир Зеленски, архивска фотографија

Володимир Зеленски, архивска фотографија. Фото: Кабинет на претседателот на Украина

Кавер, архива. Фото: Norbert Banhalmi · CC BY-SA 4.0 · кадрирана фотографија

Јазичните и образовните права на Унгарците во Закарпатија долго беа меѓу спорните прашања меѓу Киев и Будимпешта. Во октомври украинскиот парламент усвои закон со кој се прошируваат правата на унгарското малцинство во образованието, објави Асошиејтед прес.