Силен ветер собори дрвја во Подгорица, екипите ги расчистуваат улиците

Точка

23/11/2026

17:30

173

Големина на фонт

а а а

Дождот и јужниот ветер со налети над 50 километри на час во текот на ноќта собориле дрвја и гранки. Едно дрво паднало врз паркиран автомобил.

Силен јужен ветер и обилен дожд во текот на ноќта кон понеделник собориле дрвја и гранки во Подгорица. Според градското претпријатие „Зеленило“, кое го цитира црногорскиот портал „Вијести“, налетите на ветерот на моменти надминале 50 километри на час.

Улица во Подгорица, архивска фотографија

Подгорица, архивска фотографија од 2017 година. Rakoon / Wikimedia Commons · CC0

Екипите на претпријатието од понеделникот наутро ги отстрануваат паднатите дрвја и гранки. На една од фотографиите што ги објавило „Зеленило“ се гледа дрво паднато врз паркиран автомобил.

Фото на каверот: Anton Nosik / Wikimedia Commons · CC BY 3.0