Пресврт со времето: Дожд, снег на планините и силен ветер во Македонија

Точка

23/11/2026

06:28

3.133

Големина на фонт

а а а

УХМР најавува врнежи од дожд, снег на планините и засилен ветер. Попладне ветерот ќе заврти од север, а во следните денови се очекуваат постудени утра и температури под нулата.

Продор на постуден воздух денеска, понеделник, 23 ноември, носи врнежи и засилен ветер во Македонија. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, на планините ќе врне снег, а на дел од повисоките места ќе има дожд и снег.

Во најавата за ноќта меѓу недела и понеделник, УХМР предупреди на налети што на моменти може да надминат 70 километри на час, особено во западните делови. Претпладне ветерот ќе дува од запад, а попладне ќе го смени правецот и ќе биде од север.

Облаци над Скопје, архива

Облаци над Скопје, архива. Фото: kallerna / CC BY-SA 4.0. Кавер: Güldem Üstün / CC BY 2.0

За Скопје се очекува променлива облачност со повремени локални врнежи од дожд. Ветерот ќе биде умерен, на моменти засилен и од променлив правец.

Постудени утра во следните денови

Во вторник се очекува сончево и постудено време, со мала до умерена облачност. Утринските температури ќе се движат од минус 4 до 3 степени, а дневните од 6 до 14 степени.

Во среда утринската температура на места може да се спушти до минус 6 степени, со услови за магла. Кон крајот на денот на запад се најавува дожд, а на планините снег. Нов бран врнежи се очекува од четврток.