Словенија предлага нарачување такси преку апликација со максимална цена пред поаѓање

Точка

22/11/2026

14:30

217

Големина на фонт

а а а

Според предлогот, патниците однапред би ги виделе маршрутата, податоците за возилото и највисоката можна цена. Плаќањето преку апликација би било безготовинско.

Словенечката влада усвои предлог-измени на Законот за патен превоз со кои такси-возењата ќе може да се нарачуваат и плаќаат преку дигитални апликации. Според предлогот, патникот пред поаѓање би ги видел планираната маршрута, податоците за автомобилот и највисоката можна цена.

За време на возењето патникот би можел да ја следи маршрутата, а потоа би добил електронска потврда. Плаќањето преку апликацијата би било исклучиво безготовинско, соопшти словенечкото Министерство за инфраструктура и енергетика.

Такси-ознака, илустративна фотографија

Такси-ознака, илустративна фотографија. Фото: Petar Milošević / CC BY-SA 4.0. Кавер: Tiia Monto / CC BY-SA 3.0.

Предлогот го задржува и таксиметарот. Кога ќе се користи, цената би се пресметувала според поминатото растојание или според времетраењето на возењето.

За возачите се предлага задолжително познавање на словенечкиот јазик, а во двојазичните подрачја и на италијанскиот или унгарскиот, со преоден рок од една година. Предлогот предвидува и надзор над апликациите и казни за прекршувања.