[ВИДЕО] Морските резервати кај Мадеира даваат резултати, малиот број забележани ајкули загрижува

Точка

22/11/2026

10:21

202

Големина на фонт

а а а

Првите резултати од октомвриската експедиција покажуваат повеќе и поголеми морски полжави во заштитените зони. Истражувачите забележале помалку од десет ајкули.

Прелиминарните резултати од океанската експедиција кај Мадеира покажуваат дека заштитените морски подрачја им користат на некои видови. Во резерватите истражувачите нашле повеќе и поголеми морски полжави, а таму биле забележани и најкрупните групери.

Експедицијата се одвивала во октомври околу Мадеира, Порто Санто и островите Дезерташ. Повеќе од 200 специјалисти учествувале во истражувањето, а тимовите направиле речиси 500 нуркања и поставиле над 300 подводни камери, пишува Еуроњуз.

Крајбрежјето на Мадеира

Крајбрежјето на Мадеира. Фото: LuisMAfonso / CC BY-SA 4.0. Кавер: Asurnipal / CC BY-SA 4.0.

Главниот научник на фондацијата „Осеано Азул“, Емануел Гонсалвеш, вели дека резултатите покажуваат како морскиот свет реагира во подрачјата со целосна заштита. Жоао Канинг-Клод од истражувачкиот центар „МАРЕ-Мадеира“ ја истакнува важноста на податоците за идното управување со резерватите.

Низ целата експедиција се забележани помалку од десет ајкули. Организаторите го оценуваат овој број како загрижувачки. Резултатите ќе помогнат при одлуките за проширување на заштитените зони, со регионална цел до 2030 година да бидат заштитени 30 проценти од морските води, од кои најмалку 10 проценти под целосна заштита.