Илјадници маршираа во Лисабон за повисоки плати и подостапно домување

Точка

21/11/2026

21:45

102

Големина на фонт

а а а

Најголемата синдикална федерација во Португалија побара повисоки плати и пензии, пониски цени на основните производи и мерки за домување.

Илјадници луѓе денеска маршираа низ Лисабон и покрај силниот дожд. Протестот го организираше ЦГТП, најголемата синдикална федерација во Португалија, со барања за повисоки плати и пензии, поевтини основни производи и мерки за намалување на трошоците за домување, пренесува Ројтерс.

Авенијата „Либердаде“ во Лисабон, архивска фотографија.

Авенијата „Либердаде“ во Лисабон, архивска фотографија. Фото Mabit1 · CC BY-SA 4.0. Кавер E. Corvilla · CC BY-SA 3.0 (архива).

Маршот почна во Салдања и заврши на плоштадот „Рештаурадореш“, еден ден по штрајкот во јавната администрација. Според португалскиот јавен сервис РТП, од Порто утрово тргнале два воза со демонстранти.

Откако во Лисабон и Порто активисти поставија шатори за да го свртат вниманието кон станбената криза, цената на домувањето повторно беше меѓу главните теми на протестот. Според податоците што ги наведува Ројтерс, цените на домовите во Португалија се повеќе од двојно повисоки отколку во 2017 година, а кириите во новите договори речиси се удвоиле.