Посетата на Еди Рама носи посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга

Макфакс

21/11/2026

20:50

213

Големина на фонт

а а а

Поради официјалната посета на албанскиот премиер Еди Рама, во Охрид и Струга ќе биде воведен посебен сообраќаен режим со засилени безбедносни мерки, кои ќе важат од раните утрински до попладневните часови.

Поради официјалната посета на албанскиот премиер Еди Рама, утре во Охрид и Струга ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, информираат од СВР Охрид.

Посебниот режим и засилените безбедносни мерки ќе почнат во 6 часот наутро и ќе траат до 17 часот.

Сообраќајниот режим ќе го опфати патниот правец од граничниот премин Ќафасан, преку Струга до селото Подмоље и вилата „Охрид“, како и делницата од аеродромот „Св. апостол Павле“ до вилата.

Од СВР Охрид ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници и навреме да ги приспособат своите маршрути на движење.