Во струмичкото село Баница се случи физички напад и кражба во маркетот каде што 40-годишно лице беше нападнато, од касата украдени се пари, а по инцидентот приведени се две лица, додека уште двајца се повикани во полициска станица.
Две лица на возраст од 23 и 22 години се лишени од слобода, а уште две лица, меѓу кои и малолетник, се повикани во полициска станица по физички напад и кражба во маркет во струмичкото село Баница.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 20 ноември, околу 18:30 часот, кога четворицата, сите од селото Баница, физички го нападнале 40-годишниот В.С. од истото село.
При нападот, со употреба на сила, од касата во маркетот одзеле пари.
„Полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода И.В. (23) и А.В. (22), а повикани во Полициската станица Струмица се и В.Р. (19) и уште едно малолетно лице“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави.








