[ВИДЕО] По осум години патување, „БепиКоломбо“ денес треба да влезе во орбитата на Меркур

Точка

21/11/2026

11:30

169

Големина на фонт

а а а

Европско-јапонската мисија треба да стигне во орбита на 21 ноември. Двете летала треба да се одвојат во декември и да почнат со научни мерења во април 2027 година.

Европската вселенска агенција (ЕСА) за 21 ноември го планира влегувањето на „БепиКоломбо“ во орбита околу Меркур. Заедничката мисија на ЕСА и јапонската вселенска агенција ЈАКСА патува до најблиската планета до Сонцето од октомври 2018 година.

Меркур при првото прелетување на „БепиКоломбо“ во октомври 2021 година.

Меркур при првото прелетување на „БепиКоломбо“ во октомври 2021 година. Фото ESA/BepiColombo/MTM / Wikimedia Commons · CC BY-SA 3.0 IGO

Насловна фотографија: NASA / Johns Hopkins University Applied Physics Laboratory / Carnegie Institution of Washington / Wikimedia Commons.

Архивски снимки од осумгодишното патување. Видео ЕСА / BepiColombo / MTM

Според распоредот на ЕСА, двете научни летала треба заедно да влезат во орбитата. Европскиот планетарен орбитер и јапонското летало „Мио“ треба да се одвојат на 9 и 10 декември.

Со тоа мисијата треба да стане првата со две летала што истовремено орбитираат околу Меркур. Научната фаза е планирана за април 2027 година, откако леталата ќе се постават во орбитите потребни за мерењата.