Одлуката се однесува на одредба од Кривичниот законик на Република Српска што го третираше јавното истакнување на овие обележја како кривично дело.
Уставниот суд на Босна и Херцеговина на 20 ноември ја прогласи за неуставна одредбата од Кривичниот законик на Република Српска со која јавното истакнување, носење, прикажување и промовирање на обележјата на Армијата на Република БиХ се третираше како кривично дело.

Државното знаме на Босна и Херцеговина во Сараево, архивска фотографија. Фото Фарис / Wikimedia Commons · CC BY-SA 4.0
Насловна фотографија: Alfred1896 / Wikimedia Commons · CC BY-SA 3.0.
Во образложението судот посочува дека одредбата е во судир со прописите за официјалните симболи и ознаки на Вооружените сили на БиХ. Според судот, Собранието на Република Српска нема надлежност да одлучува за престанок на важноста на актите на институциите на Република БиХ, чиј правен континуитет го признава Уставот.
Постапката ја иницирале 11 пратеници од Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, објави Радио Слободна Европа. Спорната одредба била усвоена во јули.












