Аракчи: Иран ќе направи сè за да ја пробие американската блокада

Макфакс

20/11/2026

19:10

253

Големина на фонт

а а а

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи најави дека земјата ќе ги преземе сите можни мерки за да го надмине американскиот притисок и блокада воведена на иранските пристаништа, додека висок функционер истакна дека Иран не може да биде блокиран.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Иран ќе ги преземе сите можни мерки за да продолжи со извозот на нафта и да ја пробие американската блокада на иранските пристаништа.

Аракчи во интервју за новинската агенција „ИЛНА“ изјави дека Иран ќе направи сè за да ги продолжи преговорите со САД.

Во меѓувреме, претседателот на Комисијата за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, на платформата Икс изјави дека Иран „не може да биде блокиран“.

Во април, САД воведоа блокада на иранските пристаништа, што го наруши глобалното снабдување со енергија и доведе до нагло зголемување на цените на нафтата и горивата.

Вашингтон и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) оттогаш постојано пуштаат нафта од стратешките резерви за да го намалат притисокот врз снабдувањето.