Утре, променливо облачно со повремен дожд

Макфакс

20/11/2026

17:00

117

Големина на фонт

а а а

Во текстот се дава временска прогноза за утрешниот ден со повремени врнежи од дожд и променливо облачно време, како и очекувањата за наредните денови со поопаѓање на температурите и можни врнежи од снег на планините.

Утре во утринските и во раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно. Претежно во западните и североисточните делови ќе има повремен дожд. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Времето во наредните денови

Ќе се задржи променливо облачно време, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник. Поради продор на постуден воздух од север во понеделник попладне на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.