Од понеделник, продолжуваат дијагностичките испитувања за болеста бруцелоза кај говедата

Макфакс

20/11/2026

15:40

105

Големина на фонт

а а а

Од понеделник, Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје продолжува со дијагностички испитувања за болеста бруцелоза кај говедата како дел од Програмата за здравствена заштита на животните и со цел заштита на јавното здравје и економијата.

Почнувајќи од понеделник, 23 ноември, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, ќе продолжи со спроведување на испитувањата за оваа болест кај говедата, активност со која ќе се реализираат предвидените мерки со Програмата за здравствена заштита на животните за годинава, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

„За реализирање на овие активности, Агенцијата и Факултетот, во интерес на одгледувачите на животни и заштитата на јавното здравје, најдоа решение и склучија договор за донација, со кој се овозможи континуирано вршење на овој тип лабораториски испитувања, кои за сточарскиот сектор, потрошувачите и економијата се од исклучително големо значење. Целта на испитувањата е дијагностицирање, следење контрола и спречување на појава и ширење на болеста бруцелоза кај говедата, ставање во промет на здрави животни и нивни производи и заштита на јавното здравје“, велат од АХВ.