Владата го истакнува значењето на заштитата на жртвите од насилство како приоритет и предупредува дека ова прашање не смее да се користи за партиски препукувања. Институциите работат на унапредување на мерките и соработка со стручната јавност.
Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања. Владата веќе работи на подобрување на постојните решенија, а надлежните институции преземаат мерки во рамките на своите надлежности, соопштија од Владата.
„Во таа работа е важен придонесот на стручната јавност и на организациите што секојдневно работат со жртвите. Воедно, сметаме дека на вака чувствителна тема јавната дебата треба да се води со особена одговорност. Препознатливите партиски пораки во дебатата за насилството ја отежнуваат соработката што им е потребна на жртвите, а политичкиот наратив го одвлекува вниманието од прашањето што треба да биде во средиштето на вниманието, а тоа е заштита на жртвите“, велат од Владата.








