Полицијата во Скопје уапси 28-годишен маж кој го запалил автомобилот на неговата мајка и се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат. По завршување на истрагата ќе следи пријава.
Вчера во 06:30 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 28-годишниот А.Ф. од Скопје.
Тој се сомничи дека околу 05:50 часот на подрачјето на Чаир опожарил возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка, а се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








