Претрес во струшко, пронајдена дрога: уапсен 47-годишен маж

Макфакс

20/11/2026

10:40

194

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Струга уапси 47-годишен маж од село Франгово заради пронаоѓање и одземање на бела прашкаста материја, по што ќе следува пријава.

Вчера, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 47-годишниот А.А. од село Франгово, струшко.

Полициски службеници од ОВР Струга во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР, со наредба од Основен суд Струга, извршиле претрес во просториите кои ги користи А.А., при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Додека, при преглед над него била пронајден и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.