Националната авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати „Emirates“ e прогласена за најдобра авиокомпанија во светот на листата на американското списание „Time“.
На второто место на оваа листа е компанијата „Qatar Airways“, по која следат „Air New Zealand“, „Singapore Airlines“ и „Qatar Airways“.
Шестата позиција на листата на најдобри компании ја зазеде „Delta Air Lines“, по која следува „South African Airways“, додека „China Southern Airlines“ беше осма.

„Air China“ и „Air America“ се меѓу десетте најдобри авиокомпании.
Ниту една европска авиокомпанија не влезе во првите 10 на оваа прва листа на списанието „Time“, иако неколку влегоа во првите 20.
„Тurkish Airlines“ е најдобро рангираниот европски превозник, заземајќи го 14-то место, а веднаш зад неа, на 15-то место, е финската „Finnair “, додека полската компанија „LOT Polish Airlines“ и „Бритиш ервејс“ го зазедоа 16-то и 17-то место, соодветно.
Најголемата европска авиокомпанија, „Ryanair“, беше прогласена за најсигурна, додека „Virgin Atlantic“ ја освои титулата за најдобро искуство на летови на долги релации.
Рангирањето е базирано на анкети спроведени меѓу патниците, од кои било побарано да го оценат своето искуство со најмногу пет авиокомпании со кои летале во последните три години.
Прашањата во анкетата се однесуваle на аспекти како што се удобноста во кабината, квалитетот на услугата, забавните објекти, односот цена-квалитет, како и понудата на храна и пијалaци, а податоците ги собраla компанијата за истражување на пазарот „Statista“.

„Time“ и „Statista“, исто така, направија листи на најдобри аеродроми во светот, при што аеродромот Чанги во Сингапур го зазеде првото место на листата, додека меѓународниот аеродром Гуангжу Бајјун во Кина беше втор, а Пекинг Дасинг беше трет.
Ниеден европски аеродром не влезе во првите 10 во најголемата категорија, иако аеродромот во Осло го зазеде шестото место меѓу големите аеродроми.









