Red Bull Wings Cup во Македонија го доби својот шампион кој ќе нè претставува на светскотo финале во Мајами во 2027.
Државното EA SPORTS FC™ 27 првенство се одржа на 15 ноември, во Cineplexx, Skopje City Mall, каде што од вкупно 739 регистрирани играчи, само 16-те најдобри резултати во Македонија ги одмерија одмерат силите за националната титула. Осумте најдобри резултати од Универзитетската лига и осумте најдобри од Отворената лига влегоа во директни меѓусебни дуели, со само една цел - да стигнат до финалето и да се изборат за место на светското финале во Мајами.
Од вкупно 16 финалисти, само четворица успеаја да се пласираат во полуфиналето: Зијад Јусуфи играше против Толга Шабан, а Филип Темелковски против Матеј Павловски.

По тензичните полуфинални пресметки, за националната титула останаа да се борат Толга Шабан и Филип Темелковски, во финален дуел што ја задржа неизвесноста до самиот крај. Финалето се играше во Kick Off, Best of 3 формат, а Филип Темелковски го отвори со водство во првиот натпревар и тоа 4:2. Толга, сепак, брзо ја презеде контролата и со одлична игра во вториот (6:1) и последниот, решавачки натпревар (3:0), го обезбеди своето место на светското Red Bull Wings Cup финале.

Со оваа победа, Толга ја презема улогата на македонски претставник на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде ќе има можност да ги одмери силите со најдобрите EA SPORTS FC™ 27 играчи од 80 различни земји, но и да го комбинира виртуелниот терен со вистински фудбалски предизвици, каде што ќе треба да ги покаже своите вештини и надвор од гејмингот, на различни и неконвенционални локации.








