Евростат денеска објави дека жителите на ЕУ оствариле 1,2 милијарди патувања со ноќевање во 2025 година. Речиси две третини биле со автомобил.
Автомобилот бил превозното средство за 63,3 проценти од патувањата на жителите на Европската Унија во 2025 година, покажуваат податоците што Евростат ги објави денеска, 19 ноември.
Од вкупно 1,2 милијарди патувања, 81,4 проценти биле по копно, 17,2 проценти со авион, а 1,4 проценти по вода. Железницата учествувала со 13,3 проценти, додека автобусите со 3,8 проценти.

Најголемо учество на авионските патувања имале Малта со 61,6 проценти, Кипар со 51,1 и Ирска со 41,8 проценти. Копнениот превоз бил најзастапен во Романија, со 94 проценти, и во Словенија, со 90,4 проценти.
Во објавата на Евростат се опфатени жители на возраст од најмалку 15 години и приватни или деловни патувања со барем едно ноќевање. Превозот се определува според најдолгиот дел од патот, а процентите се однесуваат на бројот на патувања.








