Во сабота протест во Крива Паланка поради неконтролираното движење на кравите

Макфакс

19/11/2026

12:10

81

Големина на фонт

а а а

Во Крива Паланка ќе се одржи мирен граѓански протест како реакција на проблемот со неконтролираното движење на добитокот. Граѓаните бараат институционално постапување и трајно решавање на ова прашање за да се обезбеди безбедност и заштита на нивниот имот.

Во сабота, на 21 ноември, во Крива Паланка ќе се одржи мирен граѓански протест со барање за институционално постапување и трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот, соопшти Општина Крива Паланка.

Протестот ќе започне во 11 часот кај мотелот „Македонија“, а ќе се одржи под пораката „За безбедност, за заштита на имот и за спроведување на законот!“.

Како што се наведува во известувањето на Општината, целта на протестот е јавно да се укаже на последиците што овој проблем ги има врз безбедноста на граѓаните и нивните имоти.

Со протестот ќе се побара навремено и координирано постапување на надлежните институции, како и преземање мерки за трајно решавање на проблемот.