Ѓорѓиевски: Започна реконструкцијата на крак 38 на улицата Македонско-косовска бригада во Шуто Оризари

Макфакс

19/11/2026

12:20

98

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, започна со реконструкција на крак 38 од улицата Македонско-косовска бригада во Шуто Оризари, исполнувајќи долготрајно барање на локалните жители за подобрување на инфраструктурата и поставување нов асфалт.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид на почетокот на градежните активности за целосна реконструкција на крак 38 на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари.

– Кога ја барав поддршка од граѓаните, тука ме пречекаа како што умеат вистински домаќини – со кафе, чај и со отворена врата. Ми кажаа дека ретко кој дотогаш дошол во ова маало да ги праша што им е најпотребно. А доволно беше да излеземе пред портите за да видиме зошто оваа улица беше првото и најважно барање. Со децении чекале некој да ја реконструира. Тој ден дадов збор. Денес, механизацијата е на терен и работата започна. Целосно го реконструираме крак 38. По целата должина на улицата ќе поставиме нов асфалт, за семејствата од ова маало конечно да добијат уредена улица каква што одамна заслужуваат – изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна дека негова обврска како градоначалник е да обезбедува услови достојни за секој жител на Скопје, со темелна работа во секоја општина, за рамномерно да се развива целиот град.