Францускиот министер за надворешни работи: Ништо нема да донесе средбата меѓу Трамп, Шји и Путин

Макфакс

19/11/2026

10:40

316

Големина на фонт

а а а

Францускиот министер за надворешни работи изјави дека трилатералната средба помеѓу лидерите на САД, Кина и Русија нема да донесе конкретни резултати бидејќи тие не се согласуваат за ништо.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денес оцени дека трилатералната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот претседател Шји Џјинпинг и рускиот претседател Владимир Путин во Шенжен, Кина, нема да донесе никакви конкретни резултати, бидејќи, како што изјави, тројцата лидери не се согласуваат за ништо.

„Тројцата не се согласуваат за ништо и затоа ништо нема да произлезе од оваа средба“, изјави Баро за француското радио „RTL“.

Лидерите на САД, Кина и Русија треба да разговараат за „светскиот мир“ денес за време на првата трилатерална средба, која се одржува на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Шенжен.