Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина имаат заеднички интерес да го задржат Ормускиот теснец отворен за енергетскиот проток и да спречат развој на нуклеарно оружје од Иран, како и планира разговори за други области на соработка.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина имаат заеднички интерес да обезбедат непречен проток на енергенси низ Ормускиот теснец, како и да го спречат Иран во развојот на нуклеарно оружје.
„И двете страни се силно посветени на тоа“, рече Трамп.
Тој додаде дека планира да разговара и за други области на можна соработка со кинескиот претседател Ши Џинпинг, вклучително и за справување со кризата со фентанил во Соединетите Држави.
„Многумина не беа сигурни дали од сето ова ќе произлезе нешто“, рече Трамп, додавајќи дека е цврсто убеден оти разговорите ќе дадат конкретни резултати.








