МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови, префрлена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Макфакс

19/11/2026

11:00

98

Големина на фонт

а а а

Министерството за финансии извести дека Владата префрли нова транша од 45,2 милиони денари за поддршка на домашните компании преку Развојната банка, дел од вкупните 242 милиони евра помош насочена кон стимулирање на инвестиции и економски раст со поволни услови.

Нови 45,2 милиони денари се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните компании, извести Министерството за финансии.

„Вкупната поддршка којашто Владата досега ја реализираше во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари или 242 милиони евра и има значајно влијание врз реализација на приватни инвестиции и поддршка за економската активност. Во Буџетот за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 250 милион евра. Првата транша од Буџетот кон Развојната банка и домашните компании Министерството за финансии ја реализираше во март минатата година.

Средства Владата ги обезбеди од унгарската Експорт-импорт банка со цел поттикнување на инвестициски циклус во приватниот сектор и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат преку Развојната банка и деловните банки до крајните корисници – домашните компании по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.