ЕУ ја поддржа целта струјата да покрива 35 отсто од светската потрошувачка на енергија до 2035

Точка

18/11/2026

18:00

157

Големина на фонт

а а а

Заложбата „35 до 35“ на COP31 се однесува на уделот на електричната енергија во финалната потрошувачка. Фокусот е на почиста електрификација на транспортот, зградите и индустријата.

Европската Унија ја поддржа глобалната заложба „35 до 35“ за електрификација на климатската конференција COP31 во Анталија, Турција, објави Европската комисија денеска, 18 ноември.

Амбицијата е електричната енергија да достигне 35 отсто од светската финална побарувачка за енергија до 2035 година. Тоа се однесува на употребата на струја во вкупната потрошувачка, а не на процентот обновливи извори во производството на електрична енергија.

Илустративна фотографија
Илустративна фотографија / Фото: Matt Bango / StockSnap, CC0

Електрификацијата подразбира поширока употреба на електрични решенија во транспортот, зградите, индустријата и јавните услуги. Иницијативата „Electrify Now“ ги поврзува владите со компании, граѓански организации и финансиски институции за забрзување на овој процес.

Како што објаснува Европската комисија, глобалната цел се потпира врз анализите на Меѓународната агенција за енергија и Меѓународната агенција за обновлива енергија.

Заложбата ја надополнува претходната климатска амбиција за тројно зголемување на глобалните капацитети од обновливи извори до 2030 година. Нејзиното исполнување ќе зависи од конкретните политики, инвестиции и модернизацијата на енергетските системи.