Иран негира вмешаност во планираниот терористички напад во Грција и го обвини Израел

Макфакс

18/11/2026

14:40

312

Големина на фонт

а а а

Иранската амбасада во Атина ги негира обвинувањата за вмешаност во терористички напад во Грција и го обвинува Израел за ширење на израелски пропагандни механизми. Северна Македонија претходно пријави спречување на напад поддржан од Иран.

Иранската амбасада во Атина денес ги негираше тврдењата што го поврзуваат Техеран со терористички план насочен против Израелец што живее во Грција.

„Прес-службата на Амбасадата на Исламската Република Иран во Атина ги отфрла како целосно неосновани тврдењата на одредени медиуми што го припишуваат наводниот терористички план на актери поврзани со Иран“, се вели во соопштението, објавено од порталот “Прототема”.

Амбасадата наведува дека обвинувањата се неосновани и дека Израел стои зад нив.

„Станува збор за вообичаената кампања на израелскиот режим и неговите механизми за пропаганда и психолошка војна со цел дискредитирање на Иран“, се вели во соопштението, пренесуваат медиумите во регионот.

Властите на Северна Македонија во вторникoт објавија дека спречиле планиран терористички напад во Грција поддржан од Иран и дека се уапсени пет лица, четири од нив во Северна Македонија и едно во Грција, додека по друго се трага.

Безбедносна агенција (АНБ) на Севрна Македонија соопшти дека помогнала во спречувањето на заговор насочен кон извршување „терористички напад“ врз едно лице во Грција, како и во попречување на мрежа поврзана со Иран во таа земја, стои во написите.