СЗО: Некои супстанции во играчките, шминката, облеката се опасни за здравјето

Макфакс

18/11/2026

11:50

162

Големина на фонт

а а а

СЗО и Програмата за животна средина на Обединетите нации предупредуваат на опасностите од ендокрини нарушувачи кои се наоѓаат во различни производи како играчки, шминка и облека, и кои претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето и животната средина.

Супстанциите познати како ендокрини нарушувачи се присутни во производи како што се играчки, шминка, градежни материјали, облека и претставуваат глобална и растечка закана за здравјето на луѓето и животната средина, предупредува најновиот извештај на Програмата за животна средина на Обединетите нации и Светската здравствена организација (СЗО).

Овие супстанции влијаат на ендокриниот систем со имитирање или блокирање на дејството на хормоните, а истражувањата покажаа сè појасни врски помеѓу овие супстанции и широк спектар на болести, објави денес „Фигаро“.

Според извештаите, врз основа на 14-годишна студија објавена во вторник вечерта, се проценува дека трошоците за здравје и животната средина поврзани со овие супстанции надминуваат трилион долари годишно.