Норвешката безбедносна служба предупредува на зголемен ризик од екстремисти

Макфакс

18/11/2026

10:00

312

Големина на фонт

а а а

Норвешката полициска безбедносна служба (PST) предупредува дека во земјата постои зголемен ризик од терористички напади од страна на екстремистички групи од исламистичка и десничарска ориентација, како и поединци поврзани со нихилистички екстремизам.

Норвешка се соочува со зголемени безбедносни ризици од екстремисти, иако севкупната закана од напади во земјата останува на умерено ниво, соопшти Норвешката полициска безбедносна служба (PST).

Од PST наведуваат дека во текот на следната година се можни „обиди за терористички напади“ од страна на екстремни исламистички групи и екстремистички групи од крајната десница.

Случувањата во рамките на онлајн заедници каде што е присутно високо ниво на насилство, ја наведоа PST да идентификува категорија на „нихилистички екстремизам“, која опфаќа поединци што изразуваат желба за хаос и масовни жртви.

Според PST, екстремните исламисти во Норвешка сè почесто формираат групи и мрежи, како во реалниот свет, така и онлајн.

Севкупното ниво на закана останува непроменето – три од пет, што укажува на умерена закана – додаваат од службата.