[ВИДЕО] Во судир на два патнички воза во Прага повредени 46 лица, неколкумина се во тешка состојба

Макфакс

17/11/2026

16:00

90

Големина на фонт

а а а

Во Прага се случи судир на два локални патнички воза при што 46 лица се повредени, а неколкумина најтешко. Несреќата се случи близу главната железничка станица и предизвика прекин на железничкиот сообраќај во тој дел од градот.

Во судир на два локални патнички воза во близина на Главната железничка станица во Прага повредени се 46 патници, од кои неколкумина се здобиле со потешки повреди.

Двата воза се судриле околу 7 часот, на железнички надвозник над прометна улица во центарот на Прага, во непосредна близина на Главната железничка станица.

Повредени се 46 патници, од кои неколкумина се здобиле со потешки повреди, соопштија Железничката управа и Итната медицинска помош во главниот град на Чешка.

Бидејќи возовите на тој дел од пругата се движат со многу мала брзина, оштетени се само предните делови на двете локомотиви.

Железничкиот сообраќај на таа пруга е прекинат, додека возовите на долги релации се пренасочуваат кон други железнички станици во Прага, соопшти Управата на чешките железници.

„На местото на несреќата беа четири екипи на Итната медицинска помош. Имаме неколку тешко повредени лица кај кои постоеше опасност од откажување на виталните органи. Неколкумина се тешко повредени и имаат највисок приоритет за медицинска помош, додека повеќето се здобиле само со полесни повреди кои не се опасни по живот“, изјави за Чешката телевизија портпаролот на прашката Итна медицинска помош, Карел Кирс.

Министерот за транспорт Иван Беднарик соопшти дека сите патници од двата воза се евакуирани, а истрагата за околностите и причините за несреќата ја води Железничката инспекција.