ВМРО-ДПМНЕ: Протестот на СДС во Охрид е за фотелји, а не за правда

Макфакс

17/11/2026

09:58

143

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ го критикува протестот на СДСМ во Охрид, тврдејќи дека тој не е за правда и за поддршка на жртвите на насилство, туку за политичка борба и освојување на фотелји. Партијата ги обвинува СДС и Венко Филипче за злоупотреба на трагични настани и политизација на случаите на насилство.

Денес СДСМ најави протест во Охрид каде млада девојка беше крвнички нападната од насилникот кој денес е зад решетки. Според ВМРО-ДПМНЕ, протестот е за фотелји, а не за правда.

„Оваа случка беше недвосмислено осудена од сите фактори во државата. ВМРО-ДПМНЕ веднаш го осуди инцидентот и побара обвинителството да не помисли овој случај да биде заборавен. Овој немил настан, за жал, единствените кои политички го злоупотребуваат се Венко Филипче, СДС и Левица. Повикот за протест е повик да се политизира целиот настан за да има крвави политички поени за Венко Филипче. А Филипче пет пари не дава ниту за повреденото девојче ниту за неговото семејство. Ако беше поинаку, тогаш СДС ќе се однесуваше достоинствено, а не како лешинар.

Ова нивно однесување се повторува. Впрочем, нивното лешинарење започна уште од времето на злоупотребите на смртта на Мартин Нешкоски, малечката Тамара, децата кај Смилковско Езеро, Никола Младенов. Венко Филипче со Зоран Заев има историја на злоупотреби и лешинарење на политичката сцена само за да дојдат на власт. Нивното антимакедонско однесување е дното кое народот го осудува и од кое мора да се дистанцира“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партиијата, протестот на СДС во Охрид не е за сочувство на семејството на претепаното девојче, туку борба за фотелјата на Филипче.

Форумот на жени на СДСМ за денеска, со почеток во 18:00 часот, организира протест пред СВР Охрид, во знак на поддршка на младата Сара и нејзините блиски, на сите жени жртви на насилство и протест против, како што велат, нефункционалните институции водени од ВМРО кои ги штитат насилниците.