ЕУ додава 10 милиони евра за поморската безбедност во Гвинејскиот Залив

Точка

17/11/2026

09:15

119

Големина на фонт

а а а

Поддршката преку Европскиот мировен фонд се зголемува од 21 на 31 милион евра, со фокус на регионалната координација и поморските патроли.

Советот на Европската Унија на 16 ноември одлучи да ја зголеми поддршката за поморската безбедност во Гвинејскиот Залив од 21 на 31 милион евра. Станува збор за дополнување на постојна мерка од 2023 година, финансирана преку Европскиот мировен фонд.

Средствата се наменети за воените структури и морнариците на крајбрежните држави вклучени во безбедносни операции во заливот, наведува Советот во официјалното соопштение.

Архивска илустративна фотографија

Архива: внатрешноста на зградата „Европа“ во Брисел, април 2024. Фото: FrDr / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0. Кавер: италијанската фрегата „Федерико Мартиненго“ на вежба во Гвинејскиот Залив, септември 2020. Фото: Conner Foy / U.S. Navy, јавен домен.

Целта е подобра регионална соработка преку таканаречената Архитектура од Јаунде — рамка за координирано спречување, откривање и одговор на поморски закани. Поддршката треба да го подобри следењето на состојбата на море и способноста на избраните морнарици за патролирање на отворено море.

Европскиот мировен фонд е воспоставен во март 2021 година. Преку него ЕУ финансира надворешни активности со воени и одбранбени аспекти, насочени кон спречување конфликти и зајакнување на безбедноста.