Путин: Поранешните колонијални сили сакаат да ја задржат контролата врз другите земји

Макфакс

16/11/2026

14:30

199

Големина на фонт

а а а

Претседателот Владимир Путин предупреди дека поранешните колонијални сили се обидуваат да ја задржат контролата врз економиите на земјите од Азија, Африка и Латинска Америка, истовремено истакнувајќи ја поддршката на Русија за суверенитетот и независноста на овие земји и потребата од праведен меѓународен систем.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес изјави дека поранешните колонијални сили сè уште се обидуваат да ја одржат контролата врз економиите на земјите од Азија, Африка и Латинска Америка и дека се мешаат во нивните внатрешни работи и надворешна политика.

Во поздравната порака до учесниците на Форумот на поддржувачи на борбата против современите форми на неоколонијализам „За слобода на народите!“, Путин рече дека Русија категорично ги отфрла сите форми на неоколонијализам, вклучително и притисокот со сила и санкциите, и ги поддржува аспирациите на земјите за зајакнување на суверенитетот и независноста, објави Спутник.

Тој истакна дека меѓународната соработка треба да се базира на општо признати правни норми, почитување на легитимните интереси на сите страни и взаемна корист.

Путин оцени дека сè поголем број земји ја поддржуваат изградбата на праведен и демократски меѓународен систем базиран на мултиполарност и еднаквост, но дека неоколонијалните амбиции на одредени западни земји продолжуваат да претставуваат пречка за оваа цел.