Во Визбегово, скопско, пријавено е насилно влегување во куќа при кое се украдени злато, пари и клучеви од возила, а потоа е украдено патничко возило сопственост на МЕПСО. Случајот е пријавен и се преземаат мерки за расчистување.
Утрово во 00:30 часот во СВР Скопје, Л.Љ.(29) пријавила дека во периодот од 13 до 15.11.2026 во с.Визбегово, скопско, со употреба на сила било влезено во куќа и одземени биле злато, пари и клучеви од две патнички возила.
Потоа со одземениот клуч било одземено патничко возило „дачиа“, сопственост на МЕПСО. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.








