[ВИДЕО] Манасиевски: Филипче се скри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка

Макфакс

16/11/2026

11:50

104

Големина на фонт

а а а

Манасиевски ја откри вистината за „Алта банка“ и го критикуваше Филипче за обидите да се скрие од јавноста откако излезе на виделина вистината околу банката и нејзината ликвидност.

„Филипче се сокри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка.

Со месеци говореа за Давор Мацура и „Алта банка“, а на крајот се испостави дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, истиот овој за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал.

Со месеци говореа дека „Алта банка“ имала забрана за работа во ЕУ, поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор“.

Ширеа паника и хистерија, додава Манасиевски за СДСМ; дека банката ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без пари.

„Па откако сите видовме дека банката е ликвидна и дека нема да пропадне, а дека државата се става во заштита на граѓаните, тргнаа со личен напад кон претседателот Мицкоски.

Бараа надзорна расправа во Собранието, па откако истата веднаш беше прифатена, ја одложија за една недела, продолжетокот на истата се уште не знаат за кога да го закажат бидејќи вистината им се изнесе на виделина“.

Манасиевски нагласува дека ниту банка ќе пропадне, ниту граѓаните ќе бидат оставени на цедило. Тоа, додава тој, беше во времето на СДС.

„Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски се на страната на граѓаните, додека Филипче и СДС се на страната на криминалот“.