Голем протест во Прага против промените во финансирањето на јавните медиуми

Точка

15/11/2026

23:00

96

Големина на фонт

а а а

Демонстрантите бараат зачувување на независноста на јавната телевизија и радиото. Владата вели дека сака да ги намали трошоците на домаќинствата.

Десетици илјади луѓе денеска се собраа во паркот Летна во Прага против предлогот чешките јавни медиуми да се финансираат преку државниот буџет, наместо со претплата, јавува Ројтерс.

Нацрт-законот предвидува укинување на месечната такса од 205 чешки круни за домаќинство и намалување на средствата за јавните радиодифузери за 15 проценти.

Студио на Чешкото радио, архивска фотографија

Студио на Чешкото радио во Прага, октомври 2025. Фото: Mojmir Churavy / Wikimedia Commons / CC0. Кавер: зградата на радиото, февруари 2007, Ludek / Wikimedia Commons / CC BY-SA 3.0. Архивски фотографии на институцијата.

Владата и критичарите со различни аргументи

Критичарите предупредуваат дека директната буџетска зависност би ја ослабнала независноста на телевизијата и радиото и би ги изложила на политички притисоци.

Премиерот Андреј Бабиш, пак, вели дека владата исполнува ветување за олеснување на финансискиот товар врз граѓаните.

Предлогот поминал прелиминарно гласање и го чека натамошна расправа. Тој веќе предизвика еднодневен штрајк на вработените во јавната телевизија и радиото, со поддршка од студенти и уметници.

Протестот се одржа два дена пред 17 ноември, кога земјата го одбележува почетокот на Кадифената револуција од 1989 година.

Извор: Ројтерс.